Економистот од Харвард не мисли дека нееднаквоста може да се реши со прераспределба на богатството

56

Економистот од Универзитетот Харвард, Рикардо Хаусман, не мисли дека проблемот со нееднаквоста би се решил со прераспределба на богатството.

За него клучна е нееднаквоста во инклузијата, т.е. со тоа што луѓето, како што наведе, не се дел од мрежите, инфраструктурата што овозможува продуктивност – постои огромна нееднаквост во продуктивноста. Затоа смета дека мора повеќе да се инвестира во решавање на проблемот со економската исклученост, а не само во ублажување на последиците од тоа исклучување.

Како што соопшти Светскиот економски форум (СЕФ), кој беше организатор на панелот на кој говорник беше Хаусман, тоа значи дека властите треба повеќе да инвестираат во образованието и здравството.

„Не е дека питата е лошо поделена, туку дека луѓето во различни делови на светот прават пити со радикално различни големини. Тоа е продуктивност меѓу земјите, продуктивност во земјите и продуктивност на група луѓе кои не можат да одат таму каде што има можност за вработување“, изјави тој.