Економската активност во еврозоната во јули без поголеми промени

25

Економската активност во еврозоната практично стагнираше во јули, покажува истражувањето на аналитичката компанија S&P Global и Хамбуршката комерцијална банка (HCOB).
Индексот на менаџери за набавка (PMI) падна од јунските 50,9 поени на 50,1 поени, достигнувајќи го најниското ниво во последните пет месеци. Вредноста на PMI над 50 поени укажува на зголемување на активноста, а под 50 на пад.

Кога беше објавен извештајот, главниот економист на HCOB, Сајрус де ла Рубија, се запраша дали тоа е летно затишје. „Се чини дека е така, бидејќи економијата во еврозоната едвај се придвижи во јули“, рече тој, како што пренесува француската новинска агенција АФП.

Според него, состојбата се влошила главно во производниот сектор. Вредноста на индексот во преработувачките дејности се намали од 45,8 на 45,6 поени на месечно ниво, што е најниско ниво во последните седум месеци и укажува на натамошно намалување.

Во услужниот сектор раст на активноста се бележи шести месец по ред, но PMI индексот во тој сектор сепак се намали од јунските 52,8 поени на 51,9 поени.

Сепак, Де ла Рубија проценува дека растот на БДП на еврото е сè уште можен во третиот квартал.