Економската елита ќе се сретне во мај на форумот во Давос

82

Светскиот економски форум (WEF) од 22 до 26 мај ќе го одржи годишниот состанок во швајцарското планинско одморалиште Давос, потврди организацијата.

Средбата традиционално се одржува на крајот на јануари, но во декември беше одложена поради ширењето на сојот Омикрон.

Традиционално, во Давос учествуваат банкари, политичари, активисти, милијардери  и славни личности од целиот свет.