Eкономската соработка меѓу Кина и Русија ги надминува негативните надворешни фактори

Практичната економска соработка меѓу Кина и Русија од почетокот на годината ги надмина негативните надворешни фактори, изјави денеска заменик-премиерот на Кина Хе Лифенг на билатералната средба на меѓувладините комисии.

„Економиите на Русија и Кина во голема мера се надополнуваат една со друга, што ја олеснува подлабоката интеграција.

„Практичната соработка во овие сфери го надмина влијанието на негативните надворешни фактори од почетокот на годината, под стратешко управување на двајцата државни лидери, покажувајќи силна издржливост“, рече Лифенг, пренесе Тас.

Увозот од Русија во Кина се зголемил за 43,4 отсто во 2023 година на над 114 милијарди долари, додека извозот од Кина во Русија е зголемен за 12,8 отсто на 76,12 милијарди долари, пренесува Танјуг.

Оваа година Русија учествуваше со вкупно три отсто во надворешно-трговскиот промет на Кина.