Економската состојба во фирмите понеповолна од лани

25

Кај деловните субјекти од преработувачката индустрија минатиот месец забележана е понеповолна економската состојба во однос на јуни годинава, како и во однос на јули минатата година.

Оценката на раководителите на фирмите, во анкета на Државниот завод за статистика, за обезбеденоста на производството со порачки во јули споредено со јуни годинава е исто така понеповолна, како и обемот на производството. Нивните очекување за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, а  се поповолни за бројот на вработените.

Во јули годинава, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во јули во споредба со јуни годинава се зголемени.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти изнесува 59,6% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во јули годинава имаат недоволната странска побарувачка со 25%, недоволната домашна побарувачка со 19,1%, финансиските проблеми со 11,4% и неизвесното економско опкружување со 9,3%.