
На истекот на годината, економските аналитичари сепак ги зголемија прогнозите за инфлацијата – годинава ќе изнесува близу 4%. Од друга страна пак прогнозите за еконосмки раст остануваат на исто ниво од 3,2%. Економијата ќе биде на удар на ризици и во следниот период.
И оваа и следната година инфлацијата ќе биде повисока од првичните проценки, годинава на ниво од 3,9%, следната година стапката ќе изнесува 3,1%. Во новата Анкета за инфлациски очекувања на Народната банка, економските аналитичари ги ревидирале очекувањата за ценовниот притисок – во нагорна линија.
Како важен фактор на ризик се геополитичките превирања и зголемената неизвесност од светските трговски политики, кои според економистите би можеле да предизвикаат зголемена променливост на меѓународните пазари на примарни производи и нагорни притисоци врз цените.
Иако во септември во однос на август на месечно ниво беше регистрирана инфлација од -0,2%, на годишно ниво растот беше повторно висок. Трошоците на живот за храна и безалкохолни пијалаци во првите девет месеци во споредба со истиот период лани се зголемиле за дури 4,9%, а во истиот анализиран период, индексот на цени на мало само кај земјоделските производи е зголемен за 7,2%.
Според оценките на аналитичарите, ризиците по економијата ќе бидат присутни и натаму.
Целиот текст на Локално.мк












