
Шпанската економија порасна за 1,8 отсто на годишно ниво во третиот квартал, според прелиминарната проценка, објави шпанскиот институт за национална статистика INE.
Економијата на Шпанија благо забави во однос на вториот квартал, кога беше забележан раст од два отсто на годишно ниво.
На квартално ниво, шпанскиот извоз падна за 4,1 отсто, а увозот за 2,9 отсто, додека во исто време фиксните инвестиции паднаа за 0,6 отсто, пренесува Танјуг.
Потрошувачката на домаќинствата е зголемена за 1,4 отсто, а јавната за 1,3 отсто.











