Економските експерти очекуваат глобален пад на инфлацијата во 2024 година

32

Експертите очекуваат дека глобалниот пад на инфлацијата ќе продолжи и во 2024 година, ова е заклучокот од заедничкото истражување објавено денеска на Институтот IFO од Минхен и Институтот за швајцарска економска политика за четвртиот квартал од 2023 година.

Според очекувањата на експертите, медијалната глобална стапка на инфлација ќе биде пет проценти во 2024 година и ќе падне на 4,4 проценти во 2025 година и на 3,6 проценти во 2027 година, објавено е на веб-страницата на IFO.

Гледајќи ги регионите, истражувачите очекуваат дека Западна Европа ќе има најниска стапка на инфлација во 2024 година – 3,1 отсто, а потоа следат Централна и Северна Америка и Северна Европа со опсег на инфлација меѓу 3,2 и 3,8 отсто.