
Економското расположение во еврозоната се влоши во март и сега е на најниско ниво во последните три месеци, покажа денеска објавеното истражување на Европската комисија.
Вредноста на Индикаторот за економско расположение (ESI) на еврозоната падна од февруарските 96,3 поени на 95,2 поени, се додава во извештајот.
Пораст на песимизмот е забележан во услужниот сектор, малопродажбата и кај потрошувачите, додека расположението во индустријата и градежништвото не се промени значително, па останува на ниско ниво.