„ЕксонМобил“ очекува зголемување на профитот од рафинирање на нафта за 4,5 милијарди долари во третиот квартал

Американската нафтена компанија „ЕксонМобил“ соопшти дека повисоките маржи во рафинирањето на нафта би можеле да го зголемат профитот на нејзиниот рафинирачки сектор за 4,5 милијарди долари (околу четири милијарди евра) во третиот квартал, во споредба со претходните три месеци.

Маржите во рафинирањето на нафта нагло се зголемија поради војната со Иран, која го ограничи транспортот на енергетски производи преку Ормутскиот теснец, како и украинските напади врз руските рафинерии, пренесува „Ројтерс“.

Порастот на цените на горивата предизвика и политички ризици за администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп пред среднорочните парламентарни избори, закажани за ноември.