
Финансискиот експерт од Волстрит Роберт Кијосаки тврди дека швајцарската банка „Credit Suisse“ е следната финансиска институција на која и се заканува колапс.
Кијосаки е познат на јавноста по тоа што го предвиде колапсот на американската банка Lehman Brothers во 2008 година.
Минатата недела американските регулатори ја затворија SVB во петокот и ги запленија нејзините депозити, што е најголемиот колапс на американска банка од финансиската криза во 2008 година.
Говорејќи на каналот Fox Business Channel „Cavuto: Coast to Coast“, Кијосaки рече:
„Актуелните проблеми и колапсот на пазарот на обврзници укажуваат дека може да дојде до колапс на банката Credit Suisse, бидејќи имавме слична ситуација со банката Lehman Brothers.