Експерт за вработување советува како да одговорите на прашањето “Зошто ја напуштивте претходната работа?“

256

Секое интервју за работа е повеќе или помалку стресно, но експертот за регрутирање Бони Дилбер вели дека има некои прашања со кои треба да се биде дополнително внимателен. Бони работи како регрутер, а за Business Insider раскажа како таа ја работи таа работа девет години и како – од нејзиното искуство – понекогаш мора да лажете ако сакате да се справите добро во интервјуто.

Спомнати се неколку стандардни прашања, а соговорникот на Business Insider дава примери на лоши и добри одговори:

1. Зошто ја напушти претходната работа?

Лоши одговори, вели Бони, се сите оние кои вклучуваат претерано негативност или напаѓање на поранешниот работодавец. Доколку одговорите премногу негативно, компанијата каде што ве интервјуираат ќе се запраша дали се работи за вас или само за компанијата, како и дали утре на ист начин ќе разговарате со некого за моменталната компанија.

„Мојот шеф беше премногу микроменаџер, а раководството на компанијата немаше поим што прави“ – пример за лош одговор.

„Сè беше одлично, но сакав да преземам поголем предизвик“ или „Ја напуштив претходната компанија затоа што не се вклопував добро со културата на компанијата“ – примери за добри одговори.

2. Зошто ја сакате оваа работа?

Ако кога одговарате на ова прашање сте фокусирани само на тоа што ќе добиете од работата во компанија, оние кои одлучуваат за вашето вработување може да мислат дека не се грижите доволно за работата. Запомнете, работодавците бараат некој кој ќе спомене повеќе од плата и бенефиции во одговорот на ова прашање, некој кој ја истражувал компанијата и добро разбира што работи таа.

„Сакам работа на далечина, за да можам да бидам дома со децата“ или „Сакам работа која, пред се, добро се плаќа“ – примери на лоши одговори.

„Возбуден сум поради потенцијалното влијание на производите што ги создава компанијата и навистина сакам да бидам дел од него“ – пример за добар одговор.

3. Каде се гледате себеси во иднина?

Не е евтино и не е толку едноставно да се вработи и обучи некого. Фирмите се надеваат дека ќе вработат лице кое е подготвено да остане долгорочно. Затоа, за време на интервјуто за работа, важно е да ги изразите вашите надежи дека долгорочно ќе се справите добро со улогата. Компаниите се особено внимателни кога некој кој е преквалификуван аплицира за работа, бидејќи мислат дека тој човек наскоро може да замине.

Да речеме дека некој бил менаџer во последните пет години и сега конкурира за соработничка улога. Ако таа личност каже нешто како: „Не можев да добијам интервјуа за менаџерски работни места, па сакав да се обидам овде“, таа компанија може да се грижи дека кандидатот ќе замине прилично брзо.

„Се надевам дека ќе се префрлам во финансии, но тие работни места тешко се наоѓаат. Затоа, јас сум подготвен да работам на оваа позиција, во секторот за поддршка“ – пример за лош одговор.

„Се надевам дека ќе останам на оваа работа во следните две до три години и би сакал да ги истражам можностите за менаџерски позиции, доколку е можно“ – пример за добар одговор.

Бони Дилбер вели дека малите нешта можат да ја направат разликата.

– Ги охрабрувам луѓето да ја истражуваат компанијата пред интервјуто, за да можат автентично и на свој начин да зборуваат зошто сакаат да работат таму – изјави Дилбер.