
Во февруари годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0,7 проценти на месечно ниво и за 7,4 проценти на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Во февруари 2025 година, во споредба со јануари 2025 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 1.4 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.4 %.
Во февруари 2025 година, во споредба со февруари 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 23.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.0 %.











