Експерти: Минималната плата треба да се врзе со економски параметри

Минималната плата наместо со просечната треба да се врзе само со економски параметри како инфлација, продуктивност или пораст на бруто домашниот производ, сметаат економските експерти.

Според нив, вака како што е состојбата во моментов минималецот не помага многу во подобрување на стандардот на работниците, а од друга страна работодавачите го сметаат за посебен вид на данок на нивниот бизнис. Тие сметаат дека наместо зголемување на минималецот подобро е да се воведат даночните олеснувања или даночните субвенции.

Сепак, од Сојузот на синдикати на Македонија не отстапуваат од барањето дека минималецот треба да се зголеми за најмалку 200 до 300 евра.

-Минималната плата е административен концепт за уредување на односите во делот на политикатата на плати во една национална економија и во основа не се базира на економската логика и влијанието на понудата и побарувачката на пазарот на труд. Порастот на минималната плата во основа е политика со слаб квалитет во однос на помошта за вработените лица за подобрување на нивниот животен стандард, заради фактот што работодавачите го сметаат за посебен вид на данок на нивниот бизнис. Со овој концепт треба да се биде особено претпазлив заради фактот што истиот може да делува на пораст на стапката на невработеност. Исто така, тој не значи поголема праведност во делот на платите, заради фактот што неселективно се применува, а не само на оние кои се социјално најзагрозени, изјави за „Локално“, универзитетскиот професор, Зоран Ивановски.

Целиот текст на Локално.мк