El Celler de Can Roca прогласен за најдобар ресторан во светот

54

&MaxW=640&imageVersion=default&AR-150609805Ресторанот El Celler de Can Roca со седиште во Џирона, Шпанија беше прогласен за најдобар во светот, јавува CNN.

Престижната награда беше признание за одличната работа на тројцата браќа Јоан Рока, главниот готвач, Жорди кој што е пекар и Џозеф, главниот сомелиер.

Настанот каде беа прогласени најдобрите 50 ресторани (World’s 50 Best Restaurant awards) се одржа на први јуни во Лондон.

El Celler го потисна минатогодишниот победник Noma на трето место, додека италијанскиот ресторан Osteria Francescana го зазеде второто место.
celler_2549497k

Овој светски гастрономски настан го организира британската медиумска групација William Reed.

Досега истиот се одржуваше во Лондон, но организаторите најавија дека следната година за прв пат Њујорк ќе биде домаќин на манифестацијата.

На отворањето на настанот, организаторот Вилијам Дру потенцираше дека резултатите се добиени од гласачка група составена од 1.000 стручни лица.