Ел Салвадор веќе изгуби половина од својата инвестиција во биткоин

41

Биткоинот деновиве е длабоко во црвена територија, како и остатокот од крипто-пазарот, па инвеститорите од целиот свет или ги собираат загубите или едноставно – не гледаат на ситуацијата на берзите додека не се подобри. Не знаеме точно каква тактика користи претседателот на Салвадор, Најиб Букеле, но секако не му е лесно да види колку вредноста на биткоинот тоне, откако вложи милиони од државниот буџет.

Судејќи според Твитер, каде често ги објавуваше своите идеи и купувањата на биткоини, се чини дека ја избегнува оваа тема – последните неколку дена твита за цените на нафтата и, на пример, натпревар во сурфање.

Минус за државниот буџет

Според јавно достапните информации, Букеле досега купил 2.301 биткоини во име на Ел Салвадор, а за нив платил нешто повеќе од 105 милиони американски долари. Денес вредноста на таа количина биткоин е преполовена, околу 52 милиони долари – што би значело дека државниот буџет е околу 50% „во минус“ со оваа инвестиција.

Покрај тоа, во Ел Салвадор, биткоинот е официјална валута од минатата година, кој работи паралелно со американскиот долар. Државата го лансираше и својот дигитален паричник, убедувајќи ги луѓето да почнат да го користат биткоинот како платежно средство и принудувајќи ги трговците да го прифатат. Многу е веројатно дека малкумина во Ел Салвадор можат да бидат задоволни со падот на вредноста на оваа криптовалута.

Претседателот Букеле, исто така, не се покажа како мудар инвеститор. Купил биткоин по цени над 60.000 долари по парче, а по 30.000 долари се пофалил дека „купиле пад“, дека користеле пониска цена за да заработат пари за подоцнежно закрепнување.

Ништо од тоа досега не се случило.