Electrick, спреј што секоја површина ја прави осетлива на допир

27

electrick

Фото: Yang – zhang.me

Научници од Универзитетот Carnegie Mellon во Пенсилванија направија спреј што кога ќе се испрска на површината ја прави осетлива на допир. Новата технологија е наречена Electrick, пишува Iflscience.

Спрејот се состои од материјал базиран на јаглерод којшто добро спроведува електрицитет. Кога предметите ќе се испрскаат со него автоматски станува спроводник на електрицитетот. Со додавање на електроди на предметот, а потоа мерејќи го напонот на различни точки може да се следи каде ќе се движи прстот.

Спрејот може да се нанесе на секаква површина. Во својот научен труд, научниците истакнуваат како “touchscreen“ технологијата не е погодна за големи површини. Користејќи го Electrick спрејот и ѕидовите може да станат осетливи на допир.