Дека добриот дизајн значи многу потврдува и оваа елегантна вила што се наоѓа во Мајами Бич, Флорида.
Зад креацијата стои дизајнерот Луис Бош, а домот се одликува со дрвени плафони, големи врамени прозорци на двете нивоа, тераса на кровот како и совршено уреден простор за релаксација и дружење.
Прозорците што се протегаат од подот до плафонот создаваат нераскинлива визуелна поврзаност на ентериерот и екстериерот, така што се чини дека живеете на двете места.
Надвор се наоѓа и базен опкружен со палми што совршено одговара со местото каде е сместен самиот имот.