Елегантна high – tech кошула што ги штити наутичарите од УВ зраци, ветер, морска сол…

24

cro marin kosula

Двајца хрватски студенти дизајнираа универзална кошула – Cro Marin којашто е подеднакво функционална додека наутичарите се на отворено море и во секојдневниот живот.

Зад дизајнот на оваа кошула стојат Давид Скала и Миховил Старовешки, апсолвент и студент на Економскиот факултет во Загреб. Нивната кошула, како што пишува Пословни дневник, е прва специјализирана наутичка кошула што ќе го штити здравјето на сите оние кои сакаат да пловат и да се возат со едрилица.

“Кошулата е изработена од врвен материјал, со техничко – технолошки и иновативни детали, како и начинот на изработка коишто даваат дополнителна функционалност и безбедност на корисникот за време на нејзиното користење. Изработена е од посебен памук којшто се облагородува со различни додатоци, што на материјалот му даваат дополнителна вредност, како што е заштита од туткање, пропуштање на вода, масло, УВ зраци и слично“, велат двајцата иноватори.

Низ рабовите на кошулата е зашиен конец којшто е чувствителен на УВ зрачење. Доколку УВ зраците се штетни, конецот ќе добие црвена боја, што е индикатор дека корисникот треба да се сокрие од сонцето доколку е можно.