Електричен автобус постави рекорд со поминати 1.770 километри со едно полнење

22

o

Фото: Proterra

Catalyst E2 Max, електричен автобус дело на производителот Proterra со седиште во Сан Франциско, постави нов светски рекорд за електрични возила откако помина 1.770 километри со едно полнење.

Комерцијалниот автобус е долг 12 метри, тежи 18 тони, има четири подни батерии и уште две на кровот, пишува Curbed. Поминатата километража го надмина претходниот рекорд за 753 километри.

Компанијата којашто неодамна започна да произведува автобуси во својата нова фабрика во Лос Анџелес, планира да ја намали цената на своите возила со цел градовите да можат да си ги дозволат.

Моментално, обичните дизел автобуси чинат околу 500.000, додека електричните на Proterra се продаваат за 750.000 долари. Компанијата предвидува дека до 2025 година електричните возила ќе чинат помалку од останатите.

Досега, Proterra продаде 400 автобуси во САД, од коишто само 190 минатата година.