Електричен камион што може да се состави за четири часа

21

charge-voyilo

Британската автомобилска компанија Charge, ја претстави својата визија за иднината на електричните камиони со автономно возење, што може да бидат составени за четири часа од еден човек.

Камионот беше претставен минатата недела во Лондон во рамки на конференцијата Wired 2016, како алтернатива на постоечките камиони, коишто се многу бучни и неприфатливи за животната средина, стои во соопштението на Charge. Од компанијата велат дека нивната цел е да произведуваат камиони и комбиња што се евтини, елегантни, тивки и еколошки.

Извршниот директор на компанијата, Денис Свердлов, рече дека ги отстрануваат сите пречки за влез на електричните возила на пазарот, преку изедначување на цената со конвенционалните возила. Возилата ќе бидат составени од ултра лесни материјали со што ќе се намали нивната тежина.

Charge планира да прави комбиња со големина од 3,5 до 26 тони и веќе преговара со големи компании на кои им требаат флоти од камиони.

“Во индустријата којашто е управувана од цена и тежина, овие возила ќе го трансформираат сложениот логистички сектор“, рече Свердлов.

Првата фабрика планирано е да се отвори во 2017 година во Оксфордшир.