Овој луксузен дом, кој зафаќа површина од 1.400 мерти квадратни, е изграден користејќи ја фасадата на една стара електрична трафостаница. Куќата, која има шест спални соби и седум бањи, е совршен пример за спојување на старото со новото.
Надвор од домот се наоѓа преубаво уреден тревник и базен. Куќата располага со фитнес сала, огромен подрум за чување на вино, гаража за четири автомобили и стаклена градина на покривот.
Цената на ова луксузно здание, кое се наоѓа во Чикаго, е 14 милиони долари.