Електричната енергија и гас ќе поевтинат во 2022

91
Цените на природниот гас и електричната енергија ќе бидат значително намалени во 2022 година, објави Европската агенција за соработка на регулаторите за енергетика (ACER) во најновиот извештај. Проценката се базира на пазарните податоци во Холандија и САД, кои се добри показатели за трговијата со европски гас и азиски течен природен гас.
Високите цени на бензинот се краткорочен феномен и би требало значително да паднат во април 2022 година, се вели во извештајот на ACER. Цените на струјата на големо, се додава, од почетокот на годинава бележат раст од околу 90 отсто.
Агенцијата ја претстави оценката во својот прелиминарен извештај за високите цени на енергијата во Европа и моделот на големопродажниот пазар на електрична енергија. Се забележува дека движењата на германската берза EEX, која е референца за европскиот пазар на електрична енергија, укажуваат дека во април 2022 година ќе паднат цените на енергијата. ACER изјави дека оваа проценка е во согласност со претходната проценка направена минатиот месец.
Агенцијата разговараше за практиката на купување гас по сегашни цени, наспроти купување по договорени цени, колку им донесе на членките на ЕУ, како и какво влијание ќе има таа практика во иднина.
Агенцијата предупредува дека Европа се уште е подложна на зголемување на побарувачката поради временските услови, забележува дека е можно тешките или благи зими значително да влијаат на побарувачката на гас.
Минатиот месец Европската комисија презентираше пакет мерки за ублажување на последиците од драстичното поскапување на струјата и гасот во последните неколку месеци.