Електричната енергија од обновливи извори во ЕУ достигнa 47 отсто во 2024 година

Во Европската унија, 47,4 отсто од електричната енергија е произведена од обновливи извори во 2024 година, што е зголемување за 2,6 процентни поени (п.п.) во споредба со 2023 година.

Меѓу земјите на ЕУ, Данска има најголем удел на обновливи извори во своето нето производство на електрична енергија со 88,8 отсто, најмногу од ветер, а потоа следат Португалија (87,4 отсто, главно ветер и хидро) и Хрватска (73,8 отсто, главно хидроцентрали), покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат.

Најмал удел на обновливите извори на енергија има во Малта (15,1 отсто), Чешка (17,5 отсто) и Кипар (24,1 отсто).

Ветерната енергија и хидроенергијата учествуваа со повеќе од две третини од вкупната електрична енергија произведена од обновливи извори (39,1 и 29,9 проценти соодветно). Преостанатата една третина од електричната енергија доаѓа од сончева енергија (22,4 отсто), запаливи горива (8,1 отсто) и само околу 0,5 отсто од геотермална енергија.