
Според извештаите на медиумите во Кина, Xiaomi SU7 се очекува да влезе во масовно производство некаде во втората половина на февруари.
Кинескиот технолошки гигант најверојатно ќе произведе само 2.000 единици од својот прв електричен автомобил во март. Производниот капацитет се очекува постепено да се зголемува до јули и да достигне 10.000 единици.
Компанијата планира да го задржи ова ниво на производство и по јули. Се очекува по стартот на масовното производство да следат и првите испораки на ова возило.
Сепак, сè уште нема информации за конкретната временска рамка кога треба да биде. Извештаите сугерираат дека цената на SU7 Max ќе биде околу 50.950 долари, објави Nezavisne novine.
Фото;Facebook











