Електричните автомобили ќе ги полниме на столбови за јавно осветлување

90

Дури 60% од возачите на електрични автомобили во градовите немаат пристап до приватен паркинг или гаража каде би можеле да го наполнат своето возило.

Бројот на електрични автомобили расте, а експанзијата ќе биде уште поголема во иднина. Местата за полнење се ограничени, и покрај очекуваното проширување на мрежата за полначи, местата во градовите се ограничени.

Тука “влетува“ Ubitricity, компанија што неодамна ја купи нафтениот гигант Shell.

Истражувањето покажа дека до 60% од возачите на електрични возила во градовите немаат пристап до приватен паркинг или гаража и затоа зависат од мрежа на јавни полначи.

Ubitricity започна да ги инсталира своите полначи на столбови за јавно осветлување и веќе има 2.700 од нив во Велика Британија, а сега тие се прошируваат и во Германија.