Електричните автомобили загрозуваат 410.000 работни места

8

Поради премин на автомобили на електричен погон, во Германија до 2030 година ќе бидат загрозени 410.000 работни места, предупреди Здружението на автомобилска индустрија.

Ова сценарио се потпира на претпоставката дека до 2030 година само мал број на батерии и автомобили на електричен погон ќе се произведуваат во Германија, објасни за весникот Ханделсблат, претседателот на здружението Курт Кристијан Шел.

Во 2018 година, бројот на вработени во автомобилската индустрија во Германија се искачи на 834.000, што е највисоко ниво од 1991 година.

Фото: Pexels