Електронска евиденција на тутунот од март следната година

20

Електронска евиденција на тутунот ќе започне од март следната година, со што ќе се надмине проблемот со склучување двојни или тројни договори за иста површина на тутун.

Производителите на тутун, како и досега, ќе имаат обврска да ја пријават реколтата во подрачните единици на Министерството за земјоделство, а наместо досегашните картони за евиденција, сега сите податоци ќе бидат електронски.

За реколтата 2014 склучени се вкупно 34.400 договори, а родот оваа година е поголем за околу 5.000 тони од планираните количини.