Електронското и печатеното издание на Службен весник ќе имаат подеднаква правна важност

40

Од утре, 27 јули 2021 година, стапуваат во примена одредбите од Законот за објавување на законите и другите прописи и акти во Службен весник на Република Северна Македонија кои се однесуваат на електронското и на печатеното издание на службениот весник.

Во нив е пропишано дека електронското и печатеното издание на Службен весник на Република Северна Македонија ќе имаат ист текст и содржина и еднаква правна важност.
Доколку се појави неусогласеност помеѓу текстот и содржината на електронското и печатеното издание, за точен, односно правно важен, ќе се смета текстот објавен во електронското издание.
Во согласност со измените, законите и другите прописи се објавуваат во печатеното и во електронското издание на Службен весник на Република Северна Македонија, кое содржи електронски потпис и печат, со што се гарантира неговата идентичност и автентичност со печатеното издание и е објавено на веб-страницата на Јавното претпријатие Службен весник на Република Северна Македонија.
Законот за изменување и дополнување на Законот за објавување на законите и на другите прописи и акти во Службен весник на Република Северна Македонија е објавен во Службен весник на РСМ број 21 од 27 јануари 2021.
Фото: Facebook