ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ им посака добредојде на станарите во новиот современ станбен објект Connect5+

252

Реномираната градежна компанија ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ викендов ги отвори вратите на новиот современ станбен објект Connect5+ и им посака добредојде на станарите во нивниот нов дом со адреса во скопската населба Аеродром.

На свечениот настан, на станарите им беа врачени клучевите со што симболично беше означена успешната реализација на уште еден ултра квалитетен проект на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ.

ЕЛЕНА ЛУКА, сопственичката и генерален менаџер на компанијата, на станарите им честиташе за новиот успешен почеток во нивниот живот и им се заблагодари што токму Connect5+ го одбрале за своја животна инвестиција.

„Добредојдовте во вашиот нов дом, во Connect 5+! Денес е посебен ден за сите нас, но најмногу за вас – новите жители на овој модерен и урбан станбен објект. Ова е почеток на ново поглавје во вашите животи, поглавје исполнето со радост, успех, среќа, задоволство и секако нови амбиции.

Connect 5+ од сега ќе биде само ваша привилегија, ваше место каде што секој од вас ќе создава убави моменти и спомени.

Проектот беше осмислен со цел да понуди највисок квалитет на модерно живеење, современа архитектура и функционалност која ќе ги задоволи сите ваши барања и потреби. Со внимание посветено на секој сегмент од изградбата, ELENA LUKA HOME за вас создададе простор кој спојува модерна естетика, квалитет, енергетска ефикасност, како и урбан животен стил со реноме, поврзани во еден персонализиран концепт иделано прилагоден на секој од вас.

Неизмерно задоволство и чест ми е што денеска сведочиме на радоста на нашите станари и особено сум горда што ни ја дадовте довербата и ја избравте токму ELENA LUKA HOME и Connect5+ да бидат значаен дел од вашата животна приказна. Вашите реакции зборуваат дека успеавме да ги оправдаме и највисоките очекувања, а тоа лично за мене е најголема сатисфакција. Connect5+ не е само станбен објект, туку е и остварување на нечиј животен сон, реализација на сопствен дом, нечија остварена желба и почеток на нов живот. Нека вашиот нов дом ви донесе мир, хармонија и многу убави моменти. Од срце ви посакувам благосостојба и успех во вашиот нов животен простор. Честитки за новиот почеток и добредојдовте во Connect 5+“, им се обрати ЕЛЕНА ЛУКА на станарите кои во голем број беа присутни на свеченото отворање на Connect5+.

Connect 5+ не е само нов станбен објект во градот. Овој проект е симбол на модерната архитектура на површина од 12.276м2 кој што го одразува духот на современото живеење. Во концептот на домување на Connect5+ кој вклучува 108 станбени единици кои варираат со квадратури од 42м2 до 86м2, секој од станарите веќе го пронајде својот совршен дом што го репрезентира нивниот начин на живот. Она што го прави Connect 5+ навистина посебен се неговите пет карактеристики – Уникатен, Современ, Урбан, Квалитетен и на Топ локација. Токму овие пет елементи ја дефинираат визијата на проектот, што ќе овозможи дом каде станарите ќе се чувствуваат спокојни, исполнети и инспирирани.

Фасадата на објектот, не е само што е естетски импресивна туку и високо енергетски ефикасна, обезбедувајќи природна светлина и циркулација на воздух во текот на целата година. Воедно, обезбедените паркинг места и помошните простории го заокружуваат квалитетното домување во објектот.

Connect 5+ е дом што создава баланс меѓу динамиката на градот и спокојството на приватниот простор. Неговата исклучителна локација во близина на транспортниот центар, со отворена панорама на Скопје, го прави идеално место за живот во современата метропола.

ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ посветено и интензивно периодов работи на повеќе локации. Во фокус на компанијата е изградбата на премиум станбено-деловниот објект FUTURA 2, втор по ред објект во рамки на комплексот FUTURA лоциран во општина Кисела Вода, на одлична локација – булевар „Борис Трајковски“, како и на ултра современиот објект MELODY, во непосредна близина на парк-шумата Гази Баба во населбата Железара.

ELENA LUKA HOME продолжува да гради според светски стандарди, посветена на мисијата за максимално квалитетно, иновативно, функционално и урбано живеење.