Elepharaonic – трпезариски мебел достоен за крал

65

elephanttable1Elepharaonic е уникатен мебел наменет за трпезарија, инспириран од сликите на Салвадор Дали. Истиот се состои од маса со 14 столици и две посебно изгравирани фотелји. Сопственикот не е познат, а зад ова дело стои SplinterWorks компанија за мебел од Велика Британија.

Според компанијата, тимот добил строги инструкции од клиентот, во однос на тоа како сака да изгледа финалниот производ. Слоновите и стаклената површина се во преден план, а откако дизајнерите го посетиле домот на нарачувачот, идејата била родена. Столиците се изработени од бронза и истите се рачно извајани со помош на процес каде се употребува искористен восок, а обложени се со златен финиш.

Декоративните форми апсорбираат и пропуштаат светлина низ површината на стаклената маса и боите се прелеваат. Столиците имаат кадифени перници и потпирачи за раце што асоцираат на глава од слон. Цената за комплетот изнесува 134.000 долари.

b4f9f1_8e755647a8a9462f8b92b6c3b21a1aac-mv2b4f9f1_92456e5caf2645a4bfc8ea64c4cb0030-mv2b4f9f1_fb23ab7d46ef46b9bd7c64e06531c219-mv2108683-8080118108683-8080108