Eлки без новогодишен сјај?

87

Очигледно, улиците во Германија ќе бидат помалку светкави за Божиќ.

Поради кризата, три месеци пред празниците, градските општини развиваат концепти за заштеда на енергија, вклучително и на божиќните пазари.

Во Берлин шопинг булеварите овој пат ќе бидат далеку помалку гламурозни. Градскиот сенат одлучи да не го кофинансира уличното осветлување. Претставници на општините и претприемачи сега бараат спонзори, пишува dpa.

Во Штутгарт „зеленото“ електрично осветлување на новогодишните елки треба да свети 240 наместо 450 часа. Градското собрание нема да биде украсено.

Градовите како Ахен, Келн, Франкфурт и Дизелдорф сега размислуваат како да се прилагодат на енергетската криза. Градските власти во Нирнберг посочуваат дека нивниот божиќен пазар речиси десет години се снабдува со 100 отсто зелена струја, а потрошувачката на енергија за осветлување е сведена на минимум со користење на ЛЕД технологијата.

Во Минхен и Ерфурт исто така нагласуваат дека одамна се префрлиле на ЛЕД технологијата која троши помалку струја.