Ellie – уред со UV зраци што стерилизира за една минута

25

ellie

Ellie е иновативен уред со патентирана truviolet технологија, што овозможува целосна стерилизација на предмети за само 60 секунди. Дигиталните UV зраци целосно уништуваат голем број бактерии, како што се ешерихија коли, салмонела, листерија и други.

ellie-1

Ellie е мобилен уред што за кратко време стерилизира: бебешки шишиња, цуцли, четки за заби, шминка, клучеви и други предмети што се за секојдневна употреба, а кои во исто време се извор на безброј бактерии.

ellie-2

За дизајнот на овој уред се погрижи американскиот старт – ап RayVio. На глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, првично побараа 40.000 долари, а досега собраа над 93.000 долари.