Еmail без грижа

25

Unsend.it post photo

„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница на едукатори да го модернизираaт образованието. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива, споделете со пријателите.

Дали некогаш ви се случило да пратите email за кој подоцна сте сакале да го вратите назад односно “повлечете” како никогаш да не постоел?! Никој?

Така и си мислевме.

Сите сме поминале низ истиот кошмар, без разлика за тоа дали станува збор за “reply all” наместо “reply”; или некој лошо обмислен mail доцна во ноќта; или само некои навистина лоши печатни грешки во моменти кога mail-от требал да изгледа навистина професионално. До сега, не постоеше никаква можност за корекција, никој ништо не можеше да направи за оваа непријатна ситуација. Но работите неодамна добија поинаков тек.

Луѓето од unSend.it  го слушнале плачот на другите луѓе и решиле да преземат нешто во врска со тоа.Тие создадоа начин како да се врати назад (како воопшто да не бил пратен) некој погрешен mail. Можете да вратите назад цел mail, притоа оставајќи празен mail без содржина или да промените некој кој веќе бил пратен – дури и ако примателот веќе ја има видено содржината.

____________________________________________________________________________

Популарни курсеви:

Исто така, можете да вратите назад целосно или само да промените некој прилог (attachment) кој што бил вклучен во пораката, па дури и функционалноста на “само-уништувачки mail” кој исчезнува откако ќе биде прочитан.

Уште една интересна функционалност – оваа алатка е бесплатна.

Unsend.it

Можеби ќе ве интересира:

Не дозволувајте никогаш повеќе да страдате од паничниот момент или жалењето за пристикање на копчето Send. Немојте да се потресувате за email пораки што сте ги пратиле во афект кои можат да значат губење на вашата работа од соништата. Со unSend.it, вие имате комплетна контрола над вашите пораки како никогаш до сега.

Среќно,

Brainster заедницата.