Ember – мал џебен шпорет

129

Ember Stove е мал компактен “шпорет“ којшто може да се носи во џеб, погоден за сите оние кои уживаат во природа и често одат на пикник или кампување. Благодарение на силниот пламен брзо и лесно ги готви јадењата, а дизајниран е за лесен транспорт, одржување и чување.

Силниот пламен и вентилите за проток на воздух овозможуваат оброците да бидат готови за многу кратко време. Се мести за неколку секунди и е подобра варијанта од останатите скари за коишто треба повеќе време и енергија. Не користи плински боци, а за да се добие оган потребни се неколку дрвени гранчиња.

Има стабилна платформа на којашто без проблем може да се постават разни тенџериња и тави, а изработен е од нерѓосувачки челик којшто може да издржи екстремно високи температури.

Мини шпоретот е дело на старт – ап од Сингапур и има кампања на платформата Kickstarter којашто трае уште 15 дена. Испораките на производот се очекуваат во септември 2019 година.