Швајцарскиот бренд Urwerk, познат по изработката на авангардни часовници, создаде уникатно парче што во голема мера се разликува од сите останати часовници, пишува Hodinkee.
Наречен е EMC Pistol, а истиот беше победник на минатогодишниот Geneva Grand Prix d’Horlogerie токму поради неговиот иновативен механизам.
Изумот на Urwerk освои награди во категориите уникатен механизам и иновација, а креаторот на часовникот Феликс Баумбартнер беше прогласен за часовничар на годината во Хонг Конг.
Часовникот го има во црна или титаниумска верзија со рачно гравирање како опција, кое што го изработува Флоријан Гулет, познат по своите гравури на огнено оружје. Неговиот ремен исто така е дело на врвни мајстори, а е изработен од висококвалитетна кожа.
Интересно е тоа што EMC Pistol ќе биде произведен во само пет примероци.