Emirates воведува интерактивни комплети за патниците во економска класа

26

interaktiven komplet emirates

Авиокомпанијата Emirates, чие седиште е во Дубаи, за прв пат воведува интерактивни комплети за патниците во економска класа.

Вакви комплети обично добиваат патниците во бизнис и другите високи класи, но Emirates ги воведува и за оние кои патуваат во економска класа. Навидум комплетот е вообичаен бидејќи во неговата внатрешност има повеќе ситници коишто би го олесниле долгото патување. Но, интерактивноста на комплетот започнува со користење на апликацијата Blippar и тој станува дел од таканаречената AR технологија (augmented reality). Комплетите “оживуваат“ и на патниците им даваат совети како полесно да го поминат патувањето и да се релаксираат во текот на летот.

Изработени се шест дизајни на комплетите со мотиви од: Австралазија (регион што ги вклучува: Австралија, Нов Зеланд, островот Нова Гвинеја и соседните острови во Тихиот океан), Латинска Америка, Блискиот Исток, Африка, Европа и Далечниот Исток.

Комплетите од август ќе бидат достапни на долгите летови на линиите на Emirates.