Емиратите ќе основаат банка во Србија

24

banka

Извршниот одбор на Народна банка Србија вчера даде прелиминарно одобрение за основање банка од Обединетите арапски емирати во Србија. Банката во Србија ќе работи под името Мирабанк, акционерско друштво Белград, стои во соопштението на централната банка, јавува Танјуг.

Од 2008 година, ова е прва гринфилд инвестиција во банкарскиот сектор во Србија. Основачот е дел од меѓународниот конгломерат Ројал група, со седиште во Абу Даби. Оваа група е присутна во државите од Блискиот исток, САД, Европа, Азија, Африка и Јужна Америка. Составена е од 80 мали, средни и големи претпријатија и вработува преку 15.000 луѓе. Инвестираат во сектори во кои се вклучени финансии, производство, недвижнини, угостителство, образование, здравство, технологија и медиуми.