Емисионите вредности на цврсти честички од Макстил се на минимално ниво

28

Минимално ниво на емисионите вредности на цврсти честички и многу пониски од граничните вредности пропишани од Министерството за животна средина и просторно планирање, покажаа мерењата во Макстил. Мерењата се правени на двете контролни точки во двата производни погони и го опфаќаат периодот од јануари до септември, кога компанијата активно и континуирано работи со полн капацитет.

На мерната точка „Оџак на Пескара“ каде граничната емисиона вредност е 30 mg/Nm3 во овој период најниска вредност е измерена во јануари 0,32 mg/Nm3, а највисока во август со измерени вредности од 3,39 mg/Nm3. На втората контролна точка „Оџак од филтер постројка“ најниската измерена вредност е во септември и изнесува 0,3 mg/Nm3, а највисоката во јули и изнесува 8,08 mg/Nm3. На оваа мерна точка пропишаната граничната емисиона вредност е 20 mg/Nm3.

Потврдените вредности, исто така се пониски и од дефинираните гранични емисиони вредности во А-интегрираната еколошка дозвола и од пропишаните европски гранични емисиони вредности.

Континуираното намалување на вредностите е резултат на инвестициите на Макстил во современи технолошки процеси за контролирање на производството и е согласно општествено одговорниот однос кон заедницата и максималното намалување на емисиите на цврсти честички во воздухот.

Во прилог на ова соопштение е пресекот на емисионите вредности на цврсти честички во периодот јануари до септември, 2021 година.