Енергетска криза го тресе регионот – снегот може да ја влоши ситуацијата

38

Во електроенергетскиот систем на Македонија е намалено производството на електрична енергија. Владата прогласи енергетска криза во трење од 30 дена поради можен недостиг.

Засега нема ограничувања, дел од потрошувачката се покрива со увоз и со повлекување струја од европската мрежа.  Прогласуваме кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија. Со оваа одредба ги утврдивме условите, критериумите и мерките во случај на енергетска криза, како и обврските што произлегуваат од тоа“, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Енергетската криза ја тресе и Албанија која зависи од увозот на струја. Мерки се преземаат и во Романија, Хрватска и Црна Гора, а од Нова година во Бугарија се најавува поскапување за граѓаните.

Целиот регион може да се соочи со недостиг од електрична енергија, со оглед на тоа што се најавуваат обилни врнежи од снег, пишува Блиц.

Граѓаните во Србија можат да бидат спокојни – ветено е дека цените за нив ќе мируваат до крајот на грејната сезона. Снабдувањето на Србија е стабилно благодарение на домашното производство, а ЕPS обезбедува дел од електричната енергија од увоз до завршување на ремонтот на блокот B1 во TENT.

“Струја има доволно. Ние сме подготвени. Состојбата се следи и се надевам дека ќе успееме да одговориме на предизвиците што ни претстојат“, вели Зорана Михајловиќ, министерка за рударство и енергетика.