
Вкупната потребна енергија во 2023 година изнесува 2 707 695 тони нафтени еквиваленти (тое). Во структурата на оваа потрошувачка, најголемо учество имаат
- Нафтените продукти – 43.3 %
- Цврстите горива – 30.0 %.
Бруто-примарното производство изнесува 942 472 тое, што претставува намалување од 9.3 % во споредба со 2022 година, објави Државниот завод за статистика.
Најголемо намалување е забележано кај лигнитот, со пад од 19.3 %, додека најзначително зголемување е евидентирано кај:
- Соларната електрична енергија – од 369.6 %
- Хидроенергијата – од 20.6 %.
Финалната енергетска потрошувачка во 2023 година изнесува 1.793.862 тое, при што енергијата е распределена по сектори на следниот начин:
- Сообраќај – 44.9 %
- Домаќинства – 26.3 %
- Индустрија – 18.7 %
- Останати сектори – 9.1 %
Во 2023 година:
- Учеството на обновливата електрична енергија во бруто-производството на електрична енергија изнесува 32.2 %, а во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесува 31.5 %.
- Потрошувачката на електрична енергија во домаќинствата изнесува 1 640.8 KWh по жител на годишно ниво.











