Енергетската криза продолжува да ја турка германската економија во рецесија

52

Сè повеќе има индиции дека германската економија поради екстремно напнатата ситуација во снабдувањето со енергија се лизга во рецесија, објави Бундесбанката, која очекува забележителен пад на активноста оваа есен и зима.

Високите трошоци за енергија ги оптоваруваа големите индустриски потрошувачи, па производството во хемиската индустрија значително опадна, а исто така се намали и во секторот на производи за широка потрошувачка, особено во делот на производството на лекови и мебел, наведува германската централна банка.

Високата инфлација и неизвесноста поврзани со снабдувањето со енергија и трошоците влијаат на индустријата која троши големи количества гас и електрична енергија, нивниот извозен бизнис и инвестиции, но и личната потрошувачка и услужниот сектор, кој зависи од тоа“, објави Бундесбанк.

Германскиот бруто домашен производ (БДП) веројатно благо ќе се намали веќе во тековниот квартал, а во периодот од октомври оваа година до крајот на март следната година, активноста ќе се намали, според експертите на Бундесбанк, пренесува агенцијата Мина.

Во пролетниот период најголемата европска економија порасна за скромни 0,1 отсто во споредба со претходните три месеци.