Енергетската транзиција ќе создаде нова светска елита

95

Специјалниот претставник на Русија за меѓународни односи и одржлив развој, Анатолиј Чубаис предвидува формирање на нова светска елита поврзана со глобалната енергетска транзиција, која би можела да се спореди со социо-политичките и економските процеси на индустријализација кон крајот на 18 век и почетокот на 19 век.

Глобалната енергетска транзиција е процес на глобална трансформација на енергетските системи и отфрлање на традиционалните извори на енергија, како што се јаглен и нафта, на еколошко прифатливи и обновливи извори на енергија.

“Поради единствената улога на енергијата и енергетскиот комплекс во руската економија, поради природните ресурси, технолошките потенцијали и географската локација, ефектот што оваа револуција ќе го има врз руската економија ќе биде единствен во однос на можностите што би можеле да се појават“, предвидува Чубаис.

Енергетската транзиција, на крајот на оваа деценија, ќе доведе до глобално преуредување и формирање на група водечки земји кои ќе се отцепат и ќе формираат нова светска елита.

Фото: Pixabay