
Произведената електрична енергија во јули 2025 година е поголема од потрошената, односно вкупната бруто-произведена електрична енергија изнесува 458 478 MWh, што претставува 8.8 % повеќе од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, објави Државниот завод за статистика.
Во јули 2025 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува:
421 489 МWh електрична енергија, 25.599 милиони nm3 природен гас, 357 665 тони јаглен и 112 946 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 100 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Во јули 2025 година во однос на јули 2024 година:
- Потрошувачката на природен гас е намалена за 13.9 %, како резултат на намалената активност на когенеративните постројки
- Потрошувачката на нафтени продукти е зголемена за 14.1 %
- Фото: Pixabay











