Eнергетски туристи шанса за регионот?

117

На Стариот континент расте бројот на „енергетски туристи“, жители на постудените региони кои презимуваат на југ, каде што е потопло. Тоа се претежно државјани на земјите од ЕУ и од северот на континентот кои поради енергетската криза со која се соочуваат нивните земји, повеќе им се исплати зимата во странство отколку парното во домот, пишува порталот biznisuregionu.

Поради зголемувањето на сметките за гас и струја, Велика Британија ги советува своите граѓани претстојните зимски месеци да ги поминат во потоплите области. Некои пресметки се дека за зимската сезона просечната цена на греење ќе биде околу 20 фунти дневно.

Од друга страна, тур-операторите се рекламираат со понуди за поблиски дестинации кои вклучуваат авионски билети кои дневниот трошок во хотел на сончева дестинација може да чини од 20 до 25 фунти дневно.

Канарските острови се популарна дестинација
Претставниците на туристичката индустрија на Грција, Шпанија и Канарските острови веќе водат кампањи во кои како најголем адут ја истакнуваат благата клима и бројот на сончеви денови.

Грчката влада ќе започне кампања ширум Европа вредна неколку милиони евра со слоганот „Дали сакате повторно да почувствувате 20?“. Грција е вистинското место за тоа“.

Британските медиуми ги пренесуваат и изјавите на шпанските туристички претставници дека „престојот во Шпанија не само што е попријатен во текот на зимата поради поволните временски услови, туку носи и заштеда во однос на поскапувањето на парното во Велика Британија или Германија“.

Дали енергетскиот туризам е шанса за земјите од регионот?
Црногорската туристичка индустрија ќе создаде и понуда за привлекување на нова категорија туристи, која на глобалната сцена се дефинира како „енергетски туристи“, е заклучокот од состанокот одржан во Стопанската комора на Црна Гора минатата недела.

Како што се наведува во соопштението, понудата ќе се однесува на сè уште релевантната целна група дигитални номади од Централна и Западна Европа и новите гости – енергетските туристи.

Најавено е дека во Лондон ќе биде промовирана адекватна понуда на најголемиот туристички саем WTM London, кој се одржува од 07 до 9 ноември.

Претставниците на хотелиерите во Црна Гора очекуваат да можат да ги привлечат категориите на повозрасни туристи и семејства со деца кои во таа земја би престојувале неколку недели.

И во Хрватска, октомври е традиционално добар месец за постсезона, пред се благодарение на наутичкиот туризам, како и на гостите од околните земји на Централна Европа: Австрија, Чешка и Словачка. Но, веќе се најавува доаѓање и подолг престој на туристи од Германија во текот на зимата.