Epic Games и The Lego Group градат нов виртуелен свет за деца. Компаниите сè уште не откриле премногу детали, освен дека планираат „да ја обликуваат иднината на метаверзумот, за да биде безбеден и забавен за децата и семејствата“.
Двојката, наводно, се согласила на три принципи до кои треба да се придржуваат додека „градат импресивно, креативно, инспиративно и привлечно дигитално искуство“ во кое ќе уживаат луѓе од сите возрасти.
Тие ветија дека нивната визија за метаверзум најверојатно ќе се натпреварува со Roblox. Платформата има огромна база на играчи, главно деца, и мерки за да ги заштити од содржини за возрасни.
Epic и Lego не ја објавија временската рамка кога ќе биде лансирана нивната колективна визија за виртуелниот свет.
Партнерството помеѓу Lego и Epic е само уште едно во низата компании кои ни ја даваат нивната визија за тоа како треба да изгледа метаверзумот. Најдобри примери се Meta и Decentraland, каде веќе се инвестираат пари во значителни количини.
Секако се поставува прашањето, колку е добро децата да се стават во виртуелна реалност, без разлика колку е тоа безбедно за нив.