„Ер Србија“ лани реализираше 45.000 летови, 44 отсто повеќе од 2022 година

34

Ер Србија минатата година, кога ја одбележа првата деценија на деловното работење под сегашното име, постигна рекордни резултати и превезе 4,19 милиони патници, што е трет најдобар резултат во нејзината речиси 97-годишна историја, објави компанијата.

Со три меѓународни аеродроми во Србија – Белград, Ниш и Краљево, Ер Србија има реализирано повеќе од 45.000 летови, 44 отсто повеќе отколку во 2022 година. Леташе на 87 линии до 34 земји во Европа, Северна Америка, Азија и Африка, а воспоставените се директни летови до 23 нови дестинации.

Од 17 мај, по пауза од повеќе од 30 години, националната авиокомпанија повторно почна да лета за Чикаго, а во првите шест месеци меѓу Белград и Чикаго летаа повеќе од 25.000 патници.