Ербас и Боинг конечно добиваат вистинска конкуренција

Конкурентот на патничките авиони „Ербас“ и „Боинг“, Ц919, кој го произведува кинеската компанија COMAC, го оствари своето прво патување надвор од Кина.
Кина оваа година посочи дека ќе го подобри C919, како и присуството на COMAC во земјата и во странство, според Ројтерс.

COMAC ќе инвестира неколку стотици милиони евра во следните три до пет години за проширување на производствениот капацитет на C919, ја пренесоа кинеските медиуми изјавата на функционерот на компанијата, пренесува Танјуг.

COMAC беше еден од двајцата производители на комерцијални авиони кои денеска полетаа со своите авиони покрај брегот на Сингапур, заедно со „Ербас“, додека „Боинг“ нема да претстави комерцијални авиони на овогодинешниот аеромитинг во Сингапур.

Фото: facebook