
Најголемиот европски производител на авиони Ербас ги објави финансиските резултати за претходната година, според кои во 2022 година испорача 661 патнички авион.
Во 2022 година, Ербас оствари приход од 58,8 милијарди евра. Како што се наведува во соопштението на Ербас, заработката пред камати и даноци, изнесува 5,3 милијарди евра.
Извршниот директор на Ербас, Жил Фаури, рече дека авиоиндустријата продолжи да закрепнува во текот на 2022 година, бидејќи авиокомпаниите се вратија на долгорочното планирање на флотата.
„Постигнавме солидни финансиски резултати и покрај предизвикувачкото деловно опкружување што го спречи синџирот на снабдување на кој се потпираме да закрепне со темпото што го очекувавме. Затоа компанијата мораше да ги прилагоди своите операции што резултираше со помалку испораки на патнички авиони од првично планираното. Сега се прилагодуваме нашето производство да одговара на понудата“, рече Фаури.
Фото: Pixabay