Ербас испорача 735 патнички авиони во изминатата година

Производителот на авиони, компанијата Ербас, минатата година испорача 735 патнички авиони и оствари приход во износ од 65,4 милијарди евра.

Износот на добивката пред камати и даноци (EBIT) изнесува 4,6 милијарди евра во 2023 година, се вели во соопштението на компанијата.

Секторот на компанијата што се занимава со производство на хеликоптери – Ербас Хеликоптерс, оствари добивка од 735 милиони евра, додека добивката во 2022 година изнесуваше 639 милиони евра.